„ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА“ – Баварците изгубија од Менхенгладбах, но израмнија нов рекорд во Бундеслигата

Борусија Менхенгладбах и понатаму е голем проблем за фудбалерите на Баерн Минхен кои синоќа доживеаја нов пораз од овој тим, овој пат на домашен терен со 1-2.

И покрај поразот Баварците успеаја да израмнат уште еден свој рекорд. Тие поведоа со голот на Роберт Левандовски и успеаја на 65 натпревари по ред да постигнат гол во Бундеслигата. Со овој гол тие го израмнија својот рекорд кој минхенскиот тим го постави во периодот од 2012 до 2014 година.

 

Се вчитува...