„ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА“ – Боби Милевски и неговите 23 херои!

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби на гостувањето кај Португалија со 2-0 во финалето од баражот за пласман на Светското првенство кое на крајот на годинава ќе се игра во Катар.

Иако не се пласираа на мундијалот овие фудбалери се херои на нацијата. Предводени од Боби Милевски успеаја изминатата недела од најважна споредна работа во животот, фудбалот во Македонија да го направат најважна работа. Катар нема да го видиме, но оваа генерација може да верува дека ќе бидеме дел од елитата во 2026 година во САД, Канада и Мексико.

Денеска рубриката за „љубителите на математиката“ ќе ја одбележи бројот „23“. „23“ херои на Сер Боби Милевски.

СТОЛЕ ДИМИТРИЕВСКИ, СТЕФАН РИСТОВСКИ, ВИСАР МУСЛИУ, ДАРКО ВЕЛКОВСКИ, ЕЗГЈАН АЛИОСКИ, ЕЛЈИФ ЕЛМАС, ЕНИС БАРДИ, АРИЈАН АДЕМИ, ТИХОМИР КОСТАДИНОВ, АЛЕКС ТРАЈКОВСКИ, МИЛАН РИСТОВСКИ, КРИСТИЈАН НАУМОВСКИ, ДАМЈАН ШИШКОВСКИ, ТОДОР ТОДОРОСКИ, СТЕФАН АШКОВСКИ, КИРЕ РИСТЕВСКИ, НИКОЛА СЕРАФИМОВ, БОБАН НИКОЛОВ, ДАВИД БАБУНСКИ, СТЕФАН СПИРОВСКИ, ДАРКО ЧУРЛИНОВ, БОЈАН МИОВСКИ, ДОРИАН БАБУНСКИ. 

ПОКЛОН ДО ЗЕМЈА!

Се вчитува...