„ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА“ – Франција по стапките на легендарната Шпанија

Франција се пласираше во осминафиналето на Светското првенство во Катар откако славеше и во вториот натпревар со кој за противник „триколорите“ ја имаа Данска. Новиот триумф ја продолжи победничката низа на Французите на Мудијалите па броејќи ги и мечевите одиграни во Русија сега светскиот шампион има шест последователни победи.

Тоа е најдолга низа во историјата на францускиот фудбал кога станува збор за најголемата сцена, а со шесттата победа се изедначија со легендарната генерација на Шпанија која во 2010 година доминираше на сцената.

Се вчитува...