Карло Анчелоти, тренерот на Реал Мадрид влезе во друштвото на бесмртните. Италијанскиот стручњак синоќа ја освои четвртата титула во Лигата на шампионите, што е рекорд за еден тренер. Анчелоти две титули има со Милан, и две со Реал Мадрид.
Дон Карло првата титула во ЛШ ја крена во 2003 година кога Милан на „Олд Трафорд“ во Манчестер го совлада тимот на Јувентус на пенали. Во 2007 година повторно со Милан, откако му се одмазди на Ливерпул во финалето во Атина. Во 2014 година Италијанецот го подигна пехарот со „кралевите“ во Лисабон, по победата над Атлетико, и вчера со триумфот над Ливерпул.
Анчелоти успеа да ги престигне Боб Пасли и Зинедин Зидан кои имаат по три трофеи, а ги надмина и Гвардиола, Фергусон, Саки, Мурињо, Хајнкес, Хицфелд… кои имаат два трофеи во ова натпреварување.
Доколку уште еднаш го освои со Реал Мадрид, тогаш Анчелоти ќе го стигне Зидан по бројот на освоени трофеи со „кралевите“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА