„ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА“ – Јирген Клоп не е Барселона

Фудбалерите на Ливерпул славеа со 0-3 на гостувањето кај Ајакс во натпревар од 5. коло во А групата од Лигата на шампионите. Со оваа победа клубот од „Енфилд роуд“ успеа да обезбеди пласман во нокаут фазата од елитното натпреварување.

Ова е шеста година во низа како „црвените“ играат најмалку во осминафиналето што значи дека од доаѓањето на Јирген Клоп на клупата на премиерлигашот тој секоја година ја поминува групната фаза.

За разлика од Јирген Клоп, Барселона втора година по ред го завшри настапот во овој дел од натпреварувањето.

Се вчитува...