„ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА“ – Патрик Шик како Стефан Кислинг

Баер Леверкузен загуби синоќа на гостувањето кај Мајнц со 3-2 во премиерниот натпревар од 23. коло во германската Бундеслига.

Иако „фармацевтите“ стигнаа до водство со голот на Патрик Шик, сепак на крајот доживеаја пораз. Токму Шик со овој гол успеа да стигне до 20 гол сезонава во германскиот шампионат, со што стана првиот играч на Баер Леверкузен, по Стефан Кислинг кој стигнал до оваа бројка.

Легендарниот германски напаѓач во сезоната 2012/2013 година заврши со 25 гола, скор што многу лесно може Чехот да го надмине годинава.

 

 

Се вчитува...