За „МИР ВО КУЌА“: Еден од Мбапе и Вини мора да замине од Реал!

Хаосот кој владее во Реал Мадрид на крајот би можел да биде решен со бомбастичен излезен трансфер. Францускиот „Л’Екип“ тврди дека еден од Килијан Мбапе и Винисисус Жуниор мора да замине.

„Одредени лидери на Реал Мадрид вршат притисок за заминување на Килијан Мбапе или Винисиус Жуниор ова лето. Тие се убедени дека не можат да соработуваат. Во моментов, заминувањето на Мбапе изгледа нереално“, според „Л’Екип“.

Ова значи дека најверојатно Вини би можел да го напушти клубот. Преговорите за нов договор со него одамна се прекинати, и често се шпекулира за негово заминување.

Винисиус има чести испади, проблематичен е, се кара со навивачите, а згора на тоа се скара и со Чаби Алонсо за време на дербито со Барселона, момент со кој се чини му пресуди на Чаби на клупата на „кралевите“.

Но, и Мбапе е во проблеми. Тој не е посакуван од навивачите на клубот, кои потпишаа петиција за негово заминување. Меѓутоа Флорентино Перез ја отфрли таа можност во изјава пред неколку дена.

Од друга страна новиот тренер на Реал, Жозе Мурињо наводно еден од условите за да го преземе клубот била Килијан Мбапе да биде продаден. Во секој случај ќе биде интересен преодниот рок на „Сантијаго Бернабе“, од тренер до играчи кои ќе треба да пристигнат и да си заминат.

Се вчитува...