„За многу луѓе во Манчестер Јунајтед е потребен добар ќотек“ (ВИДЕО)

Шокантно високиот пораз од Тотенхем во вчерашната пресметка само ја прели чашата незадоволство од изданијата што од почетокот на сезоната во Премиер-лигата ги прикажува Манчестер Јунајтед. По три одиграни кола „црвените ѓаволи“ имаат само една победа. Ваквата ситуација предизвикува реакции и кај навивачите и кај поранешните ѕвезди на клубот. Жесток беше Патрис Евра во емотивната анализа за „Скај Спортс“.

„Ова беше катастрофално. Ретко зборувам за Манчестер Јунајтед затоа што кога ќе ја кажам вистината, боли. Многу сум приврзан за мојот клуб. Знам дека треба да се внимава што се зборува на ТВ, но, ова беше ужасно. И постојано се зборува за Мегваер и за тоа со кого требало да биде во тандем. Ајде за зборуваме за тоа да не биде во составот. Жал ми е за Солскјер. Што да се каже за бордот на клубот. Што е направено по заминувањето на Фергусон? Колку менаџери беа отпуштени. Не промовирам насилство, но во овој клуб на многумина им треба добар ќотек“ – рече Евра.

Патрис Евра беше во Манчестер Јунајтед од 2006 до 2014 година и со клубот осво 10 големи трофеи вклучувајќи и пет премиерлигашки титули.

 

Се вчитува...