За Недвед нема дилеми, Конте е идеалниот тренер за Јуве

Италијанскиот стратег Антонио Конте ќе го напушти премиерлигашот Тотенхем и ќе се врати во Италија, пренесуваат британските медиуми.

Најголем конкурент за неговиот потпис е Јувентус кој не е задоволен од тоа како Масимилијано Алегри го води клубот. Од друга страна Конте со нетрпение очекува да се врати во Италија, каде би соработувал со својот добар пријател Павел Недвед кој сега е ја врши дејноста потпретседател на клубот.

„Тоа е типична шема на однесување на Конте, но тоа не значи дека тој нема да даде се за Тотенхем до следното лето кога ќе му истече договорот. Конте сака да биде во големи клубови и ако не ги најде во странство, ќе се врати дома во Италија каде Јувентус го чека со раширени раце. Потпретседателот на Јувентус, Павел Недвед го обожава Конте, заедно играаво тој клуб. Јувентус одамна не бил во вака лоша ситуација и иако претседателот Андреа Ањели е голем фан на Алегри, нема да биде тешко да се убеди да го земе Конте кој е единствениот што може да го спаси клубот во овој момент“, пишуваат англиските медиуми. 

Конте го водеше Јувентус во периодот од 2011 до 2014 година кога со клубот освои три титули во низа.

Се вчитува...