Идеалниот тим во историјата на Лигата на шампионите секогаш предизвикал жестоки дебати, но изборот на познатиот француски новинар Венсан Дилук дефинитивно ќе ги подели фудбалските фанови.
Дилук се обиде да го состави тимот со играчи кои играле од почетоците, од 1955 година и тогашниот Куп на европски шампиони, па се до модерната ера на Лигата на шампионите.
Во неговиот избор има огромни имиња, но едно име недостасува и тоа кое се смета за едно од најдобрите на сите времиња, Кристијано Роналдо. Португалецот е најдобар стрелец во историјата на Лигата на шампионите и петпати триумфираше во елитното клупско натпреварување со Реал Мадрид и Манчестер јунајтед.
Новинарот во идеалниот тим не вметна ниту еден француски играч.
Дилук смета дека неговиот избор не е обид да се направи статистички најуспешна постава, туку селекција на играчи кои, според неговата проценка, оставиле најсилен фудбалски печат низ историјата на европското натпреварување.
Најголемо внимание привлекува офанзивниот дел од составот. За левата страна, Дилук го избрал Лионел Меси, додека на позицијата плејмејкер е легендарниот Јохан Крој, а на десно крило е поставен Џорџ Бест, еден од најголемите таленти кои некогаш го носеле дресот на Манчестер Јунајтед. Во нападот е легендата на Реал Мадрид, Алфредо Ди Стефано.
Со ваква четворка во нападот, јасно е дека Дилук се одлучил за комбинација на различни фудбалски ери, наместо тим составен исклучиво од најуспешните играчи од модерната епоха.
Средниот ред исто така е составен од фудбалски великани. Лука Модриќ е избран за еден од играчите во средината, а покрај него е Андрес Иниеста.
Одбраната ја сочинуваат Дани Карвахал, Франц Бекенбауер, Франко Барези и Паоло Малдини.
На голот, пак, е легендарниот голман на Ливерпул, Реј Клеменс.
Најдобриот тим на ЛШ на сите времиња според Дилук:
Голман: Реј Клеменс (Ливерпул)
Десен бек: Дани Карвахал (Реал Мадрид)
Штопери: Франц Бекенбауер (Баерн) и Франко Барези (Милан)
Лев бек: Паоло Малдини (Милан)
Среден ред: Лука Модриќ (Реал Мадрид) и Андрес Иниеста (Барселона)
Лево крило: Лионел Меси (Барселона)
Плејмејкер: Јохан Кројф (Ајакс и Барселона)
Десно крило: Џорџ Бест (Манчестер јунајтед)
Напаѓач: Алфредо Ди Стефано Реал Мадрид)
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
