Капитенот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш ја продолжи низата на промашени обиди од белата точка на вчерашниот натпревар против Фулам во Премиерлигата.
Португалецот имаше одлична шанса да го доведе својот тим во водство, но промаши пенал по што го даде најлошиот изговор во историјата. Имено, на Фернандеш за промашувањето виновен му е судијата Крис Кавена со кој се допре при белата точка па му го нарушил ритуалот и не му се извинил за истото.
„Вознемирен бев. Кога изведуваш пенал имаш ритуал, свои работи што ги правиш. Ме вознемири тоа што судијата не ми се извини. Тоа ме испровоцира во моментот, но не изговор зошто промашив. Лошо ја шутнав топката“, изјави Фернандеш.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

