За ваков старт се оди во затвор – шведскиот касап заслужено доби црвен картон (видео)

Шведска и Украина играат продолженија во последното осминафинале од ЕВРО 2020, а скандинавската селекција остана со играч помалку по црвениот картон што го заработи Даниелсон.

Казната е апсолутно заслужена ако се земе во предвид бруталноста, Даниелсон стигна прв до топката, но тоа не го менува фактот дека стартот беше преостар, за што доволен доказ е тешката повреда на младиот Беседин, кој со солзи во очите го напушти теренот, свесен дека му следи долга пауза од терените.

Се вчитува...