Сезона без трофеј секогаш предизвикува бура во Реал Мадрид, па и оваа година нема да биде исклучок.
Во центарот на вниманието е Килијан Мбапе, кој имаше многу добра индивидуална сезона, но тоа не беше доволно за тимот да ги постигне посакуваните резултати. Шпанските медиуми, особено оние блиски до мадридскиот гигант, сè повеќе го доведуваат во прашање неговото влијание надвор од само статистиката.
Режисерот на емисијата „Ел Партидазо“, Хуанма Кастањо, изнесе тврдења кои се однесуваат на случувањата зад сцената.
„Зад затворени врати, Реал верува дека Мбапе не е лидерот што го очекуваа, ниту на теренот ниту во соблекувалната. Тој нема авторитет кај своите соиграчи, едноставно мора да направи чекор напред ако Реал сака трофеи“, рече Кастањо.
Давид Санчез од радио „Марка“ имаше сличен тон, посочувајќи ја разликата меѓу индивидуалниот квалитет и тимскиот успех.
„Мбапе е еден од најдобрите играчи во светот, но многу зависи од тимот. Тој сè уште постигнува многу голови, но многу е потешко да се освојат трофеи во Шпанија отколку во Франција.“
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
