Ренато Гаучо не е повеќе тренер на Фламенго. Бразилскиот тим овој потег го потврди на социјалните мрежи. Поразот во финалето на Копа Либертадорес беше клучен за смената на Гаучо.
Тимот денеска ќе биде предводен од в.д. тренер, додека не се најде негов наследник, а се почесто се споменува името на Марсело Гаљардо.
Аргентинскиот тренер стана првак во аргентинското првенство, но неговата цел била преселба во Европа.
Во финалето на Копа Либертадорес, Коринтијанс успеа да ја одбрани титулата освоена минатата година, со гол во продолженијата за 2:1, погодок кој ги фрли во очај фановите на Фламенго.
O Clube de Regatas do Flamengo informa que, após conversa entre as partes, o técnico Renato Gaúcho não comanda mais o time principal. #CRF
— Flamengo (@Flamengo) November 29, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА