Захариевски: Струга ќе биде многу поквалитетна со Алтипармаковски и со Мециновиќ

Шефот на стручниот штаб на Струга ТЛ, Срѓан Захариевски е задоволен по првиот тест летово на тимот пред стартот на новата сезона.

Струга Трим Лум ремизираше (1-1) со Ренова на пријателскиот дуел во Охрид, на мечот на кој поради мали повреди не настапија засилувањата Мециновиќ и Алтипармаковски.

„Со оглед дека после шест месеци играме натпревар треба и мора да бидеме задоволни. Многу млади играчи добија шанса… Јасмин Мециновиќ и Марјан Алтипармаковски одмараа поради повреди, во составот ротиравме и убеден сум дека има голем простор за напредок. Од натпревар во натпревар ќе бидеме се подобри, па подготвени ќе го дочекаме стартот на сезоната“ – вели Захариевски.

Се вчитува...