Захариевски задоволен: Ќе бидеме подготвени за вториот дел од сезоната

Подготовките на ФК Пелистер за вториот дел од сезоната во Охрид завршија со пријателскиот натпревар против Беса, натпревар по кој свој поглед даде тренерот Срѓан Захариевски.

Искусниот стратег е задоволен од прикажаното на неговите избраниците и покрај тоа што резултатите од пријателските натпревар не беа во полза на „зелено-белите“ забележувајќи само една победа, еден нерешен резултат и два порази.

„Сакаме Пелистер да игра поофанзивен фудбал, да создаваме шанси, а ни останува да видиме како сето тоа ќе го вкомпонираме во една целина. Сакаме да работиме напорно во овој период, на тоа сме целосно посветени и во тој ритам ги работиме на подготовките. Најбитно за нас е она што ќе го подготвиме, да се примени на терен на официјални натпревари, а не на пријателски натпревари. Сите фудбалери имаат иста минутажа, но на крај ќе видиме кој ќе се избори за место во првиот тим“, вели Захариевски.

Се вчитува...