Закани кон Алиоски, ќе има полициска истрага

Езгијан Алиоски се уште е во центарот на вниманието на британската јавност откако Лидс обелодени дека во текот на ноќта врз македонскиот репрезентативец биле испратени бројни закани. Алиоски беше удрен од Пепе на дуелот Лидс – Арсенал, по што гостинскиот напаѓач доби црвен картон, но приврзаниците на „топчиите“ го обвинуваат македонскиот репрезентативец дека го изглумил контактот.

Лидс утрово објави дека Алиоски бил цел на бројни закани, најавувајќи дека полицијата ќе ги најде и казни виновниците.

Злобните навреди упатени кон Езгијан Алиоски и Николас Пепе на социјалните мрежи по вчерашниот премиерлигашки дуел со Арсенал нема да бидат толерирани од нашиот клуб. Работиме заедно со полицијата и со фудбалските власти за виновниците да бидат идентификувани и казнети“, објави Лидс преку клупско соопштение.

 

Се вчитува...