Закупот за „паркингот“ со базените, фитнесот, Димевски го префрлил на друга фирма „Македонска куќа“ (ФОТО)

Даниел Димевски во периодот додека беше надворешен соработник на експремиерот Зоран Заев за прашања во областа на спортот и негово унапредување успеал да ја добие на закуп салата СРЦ Кале за месечна сума од 600 евра + ДДВ и тоа до 2049 година, но исто така и пропратни објекти кои во договорот се заведени како „паркингот лоциран на КП бр.5530/1 КО Центар 1“. Тоа е всушност дел од просторот и објектите околу лизгалиштето кај ЦД Маки и се претпоставува дека влегуваат и базените, фитнесот, кои секако треба да се реновираат.

Направен е друг договор и дадена согласноста за овој „паркинг“ да е префрлен на друга фирма чиј управител е Даниел Димевски, а сопственик неговата сопруга Сузана. Се работи за „Македонска куќа“ ДООЕЛ Скопје.

Се вчитува...