Замената на Бензема нема да дојде од Челси

Реал Мадрид ја бара идеалната замена за Карим Бензема. Шпанскиот гигант на списокот на желби го имаше Каи Хаверц, но германскиот репрезентативец нема да се пресели на „Сантијаго Бернабеу“ ова лето.

Проблемот е во преголемата сумата која ја бара Челси. Лондонскиот тим нема намера да започне преговори за трансфер на својот напаѓач за помалку од 80 милиони евра, сума која е преголема за Шпанците.

Сега како главна опција за нападот на Реал Мадрид се истакнува Хари Кејн кој веќе подолго време не е задоволен од неконкурентноста на Тотенхем. Интересно, и потписот на Англичанецот не се очекува да биде за помалку од 80 милиони евра, но со оглед на докажаниот ефект во нападот тој е далеку поисплатлива опција.

Се вчитува...