Замената на Роналдо во Јуве не знае на која страна треба да дава голови (ВИДЕО)

Додека Кристијано Роналдо носи победи за Манчестер јунајтед во Премиер-лигата, неговиот поранешен клуб Јувентус има големи проблеми на стартот на сезоната во Серија А. По поразот од Емполи минатото коло, „старата дама“ вечерва загуби и од Наполи со 2-1.

Клучниот момент се случи во 85. минута кога Калиду Кулибали по големата грешка на Мојзие Кеан донесе триумф за „наполитанците“. Кеан требаше да биде замена за Роналдо, но очигледно младиот Италијанец се уште не знае на кој гол треба да дава голови.

 

Се вчитува...