Заминал на рутинска операција и повеќе не се разбудил: Екс-фудбалер на ПСЖ е во кома веќе 39 години

Поранешниот француски репрезентативец и фудбалер на неколку клубови од Франција, Жан-Пјер Адамс, веќе 39 години се наоѓа во кома по грешка на анестезиолог. Во далечната 1982 година Адамс доживеал повреда, за која требало да се одржи рутинска операција. Сепак, откако влегол во болницата во Лион, тој повеќе не излегол од неа поради грешка на анестезиолог.

Болницата никогаш не му се извинала на семејството, а оправдување барала во тоа што немала доволно стручен кадар во моментот, а анестезиологот добил парична казна од 750 евра, иако најпрво требало да добие едномесечна суспензија од работа.

Сега веќе 73-годишниот Адамс и понатаму лежи во кревет, а за него се грижи неговата сопруга Бернадет, која одбива еутаназија на нејзиниот сопруг.

 

Се вчитува...