Еј-Џеј Грифин, кошаркарот кој е одбран на НБА драфтот во 2022 година како 16-ти пик ја заврши професионалната кошаркарска кариера за да и се посвети на верата.
Грифин помина две сезони во НБА лигата и настапи на вкупно 92 натпревар за Атланта Хокс, а неодамна беше трејдуван во Хјустон во размена на три екипи по што во договор со новиот клуб го раскина договорот.
„Да скратам, заминувам од кошарката за да го следам Исус и да и се посветам на верата. Знам дека во очите на другите тоа изгледа како пораз, но би сакал да ве известам дека сум многу возбуден што ќе му служам на Бога и ќе станам свештеник.
Чувствувам дека тоа што заминувам од кошарката ми овозможува во целост да се посветам на црквените активности и вера и да му служам на Бога со цело срце и постојано. Се радувам на тоа што е пред мене“, изјави Грифин.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА