Зампарини го менува Корини, се враќа Де Зерби?

Македонските репрезентативци во Палермо, Александар Трајковски и Илија Несторовски, можеби и веќе не знаат кој им е тренер. Медиумите во Италија најавуваат дека претседателот Маурицио Зампарини е решен да го смени Еугенио Корини, кого го ангажираше на 30.ноември минатата година, и да го врати на кормилото Роберто Де Зерби, кој претходно беше шеф на стручниот штаб на италијанскиот калчолигаш.

Палермо вчера загуби на гостувањето кај Емполи со 1-0 и остана на десет освоени бода во опасната зона на табелата, а токму Емполи сега му бега седум бода, на 17. позиција која значи и опстанок.

Корини со тимот на Палермо успеа да освои четири бода на пет меча, но и тоа веројатно не е доволно за да остане на кормилото. Сепак, се очекува официјална потврда од клубот за оваа најнова промена на тренерската клупа.

Се вчитува...