Заре Марковски доби отказ од Трабзонспор

Македонскиот стратег Заре Марковски доби отказ од турскиот клуб Трабзонзпор. По последниот пораз од Бујукчекмече на домашен терен (105-113), раководството на Трабзонзпор одлучи да ја прекине соработката со Марковски поради слабите резултати во досегашниот тек од сезоната. Досега тимот оствари три победи и дури осум порази.

„Клубот одлучи да ја прекине соработката со досегашниот тренер Заре Марковски и му посакува многу среќа во понатамошната кариера“, објави Трабзонспор.

Се вчитува...