Заре Марковски именуван за селектор на Романија

Некогашниот селектор на македонската кошаркарска федерација, кој пред извесно време беше и спортски директор во МКФ, Заре Марковски, е именуван за нов селектор на селекцијата на Романија. Тој потпиша договор со федерацијата на оваа земја за да го предводи националниот тим на Романија во квалификациите за СП 2019 година.

Заре Марковски е тренер на турскиот клуб Трабзонспор, а се нафати да застане и на кормилото на Романците во следниот квалификациски циклус. Своето деби на клупата на Романија тој ќе го има на 24 ноември во Торино, на дуелот со Италија.

Се вчитува...