Заслужено: Тричковски е претплатен за награди на Кипар

Македонскиот фудбалски репрезентативец Иван Тричковски продолжува да собира индивидуални награди на Кипар, по неговите извонредни игри во дресот на АЕК Ларнака.

Македонскиот голгетер е еден од лауреатите на вечерашниот „48. Фестивал на извонредноста“, каде на Тричковски ќе му биде доделена наградата за најдобар стрелец во кипарскиот шампионат за минатата сезона. Исто така, нашиот интернационалец ќе биде дел и од идалниот тим од 11 фудбалери за ланскиот шампионат.

Тричковски и сезонава е главен фудбалер на АЕК Ларнака, досега има постигнато 13 погодоци, од кои со оној последниот донесе пресврт и триумф од 2-1 против Омонија.

Се вчитува...