Застрашувачки момент на пријателски натпревар во Холандија кога метална конструкција се сруши врз трибина со навивачи, притоа нанесувајќи сериозни повреди на најмалку десет лица.
„Најмалку десет лица се повредени откако метално скеле се урна врз фудбалски навивачи во Холандија за време на пријателскиот натпревар меѓу Твенте и нисколигашот Стево, кој се играше на теренот во Гестерен“ – информираат европските медиуми.
Веднаш по инцидентот, и играчите на Твенте и останатите гледачи притрчаа да им помогнат на оние кои беа заглавени под кранот во очекување на пристигнување на итните служби.
Холандската државна телевизија НОС, според информации од клиничкиот центар, соопшти дека 10 лица се повредени, од кои двајца се во тешка состојба, но не опасна по живот. Полицијата информираше дека ќе има детална истрага за целиот несакан случај.
Beelden vanuit het vak waar het megaspandoek, dat bij Stevo-FC Twente is losgekomen van de kraan, op is terechtgekomen. Schrik en paniek bij de supporters. pic.twitter.com/mdi1Vn53VT
— Jeroen Kapteijns (@JeroenKapteijns) June 22, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА