Затворен хотел-ресторанот во кој „лудуваа“ Новак Ѓоковиќ и тенисерите на „Адриа тур“

Познатиот задарски хотел-ресторан во кој се забавуваа тенисерите учесници на „Адриа тур“ е затворен откако се објави дека Григор Димитров и Борна Чориќ се позитивни на коронавирус. Задарскиот угостител изјави дека гостите ги откажале резервациите кога дознале дека во Задар се појавил Ковид-19.

„За сега затворени се хотелот и ресторанот, па чекаме да видиме кога ќе се тестираме. Во договор сме со епидемиолозите. Ќе го затворам колку и да е потребно само сите да бидеме живи и здрави. Сите се плашиме, но се разбира не сум во прашање само јас. Во прашање е целиот град, односно Хрватска. Од луѓето кои се грижат за чистотата во градот до премиерот“, изјави сопственикот на хотел-ресторанот. 

Тој исто така додаде дека имал сигурни 13 резервации пред последната ситуација кои веднаш по вчерашната информација експресно биле откажани.

Се вчитува...