Заврши сагата: Марио Хезоња е нов кошаркар на Кливленд

Марио Хезоња официјално стана член на НБА франшизата на Кливленд Кавалирс. Со тоа заврши сагата околу неговото заминување од Реал Мадрид, плаќањето на откупната клаузула и враќањето на еден од најдобрите играчи во Евролигата во најсилната кошаркарска лига на планетата.

Кошаркарот од Дубровник потпиша едногодишен договор со Кливленд Кавалирс вреден 2,8 милиони долари  и се очекува да има значајна улога во тимот, бидејќи клубот не успеа да го обезбеди враќањето на Леброн Џејмс за време на преодниот рок. Според медиумите блиски до франшизата, се очекува Хезоња да биде редовен дел од ротацијата на натпреварите.

За 31-годишникот од Дубровник, ова претставува враќање во САД, откако по сезоната 2019/20 ја продолжи кариерата во Европа. Ова ќе биде негова шеста сезона во најсилната лига во светот.

Се вчитува...