Завршницата на купот „Благоја Георгиевски Буштур“ ќе се игра во Битола

Завршниот турнир во кошаркарскиот куп на Македонија „Благоја Георгиевски Буштур“ по 17 години повторно ќе се игра во Битола. Куп завршницата е закажана за периодот од 15. до 17. февруари во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола.

Место во завршницата на ова натпреварување, обезбедија екипите на: МЗТ Скопје Аеродром, Еуро Никел 2005, Пелистер, Чаир 2030, Работнички, ТФТ Моцарт, Феникс 2010 и Гостивар.

Согласно со пласманот на екипите по првиот круг од регуларниот дел од сезоната (11. одиграни кола) од Првата лига-мажи, во четвртфиналето ќе се сретнат:

(1) МЗТ Скопје Аеродром – (8) Гостивар

(2) Пелистер – (7) Феникс 2010

(3) Еуро Никел 2005 – (6) Чаир 2030

(4) Работнички – (5) ТФТ Моцарт

Македонската кошаркарска федерација ќе биде организатор на финалниот турнир од Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“2024 во женска конкуренција.

Терминот и местото на одигрување на завршницата на Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“ 2024 – жени, ќе бидат дополнително објавени.

Се вчитува...