Збогум за легендата – Рибери се прости од навивачите на Салернитана (ВИДЕО)

Еден од најдобрите фудбалери во изминатите 15 години, Франк Рибери стави крај на својата богата кариера во која успеа да стигне и до трофејот во Лигата на шампионите со германскиот Баерн Минхен.

Тој кариерата ја заврши како фудбалер на Салернита, а токму денеска пред мечот на неговиот тим против Специја во Серија А на емотивен начин се прости од италијанските фанови.

Иако тој на крајот на минатата сезона одлучи да го продолжи договорот на уште една сезона со калчолигашот, сепак сфати дека е време да му каже збогум на фудбалот.

 

Се вчитува...