Зборот е збор: Флорентино распиша избори во Реал

Флорентино Перез влезе во војна со Ла Лига, со Барселона и со речиси сите фудбалски новинари, откако на последната прес-конференција се пожали на валкана кампања против него и најави дека е подготвен да распише претседателски избори за да го потврди својот легитимитет како прв човек на Реал Мадрид.

Tие најави денеска се реализираа, откако на официјалната веб-страница на клубот беше утврдено дека е почната процедурата за распишување на претседателски избори.

Првиот наведен датум е 14 до 23 мај, односно од денеска, па се до 23 мај заинтересираните ќе можат да ги поднесат своите кандидатури за нов претседател на Реал. Флорентино веќе најави дека ќе се кандидира, доколку има противник во оваа трка, на 23 мај ќе биде објавен датумот на претседателските избори, а доколку тоа не се случи, тогаш Перез со нов мандат ќе остане на чело на „кралскиот клуб“.

Шпанската јавност веќе најави дека Флорентино ќе има сериозен ривал во Енрике Рикелме Вивес, шпански милијардер кој е успешен бизнисмен, долгогодишен поддржувач на Реал со амбиции сега да стане и прв човек на најтрофејниот шпански клуб.

Се вчитува...