Зборот одмор не постои во речникот на Алиоски – Триумф на Лидс над Шефилд Ј. (ВИДЕО)

И додека сите македонски интернационалци добија одмор во своите тимови во Европа по големата победа на нашата репрезентација над Германија, Езгјан Алиоски уште еднаш покажа дека зборот одмор не постои во неговиот речник. Алиоски одигра 90. минути во победата на неговиот Лидс над Шефилд Јунајтед од 2-1.

Домаќините поведоа со голот на Харисон во 12. минута, а до крајот на првиот дел Осборн во судиското надополнување израмни на 1-1. Клучниот момент се случи во 49. минута кога Џагелка со автогол ги постави конечните 2-1.

 

 

 

 

Се вчитува...