Здравков не се договори со Борец, Левков ќе го води тимот до крајот на сезоната

Поранешниот фудбалер на тимот, Баже Левков ќе го предводи Борец од клупата во пролетниот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига.

Зимските подготовки беа одработени и под водство на Горде Здравков, како дел од стручниот штаб, но Здравков не се договори за соработка со раководството на клубот па Левков ќе биде со тренерската палка на Борец низ продолжението од шампионатот.

Борец низ зимскиот трансфер период се засили со Аднан Исламовиќ (Нови Пазар, Србија), Антонио Омар (Мексико), Октај Ракипи (Шкендија), Кристијан Ивановски (Македонија ЃП) и Марко Алчевски (Ак. Пандев), а од клубот заминаа Гонзало Зарате (Феризај, Косово), Милош Рниќ (Инџија, Србија), Димитри Поповски (Работнички) и Алекс Талевски.

Утре од 14 часот на стартот од пролетната сезона велешани гостуваат на ФК Скопје.

Се вчитува...