Експедицијата на Шкендија пристигна во Шкотска, каде македонскиот вицепрвак утре во 21 часот ќе излезе на мегдан со Хибернијан, во првиот меч од третото квалификациско коло од Конференциската лига на УЕФА.
Teтовци се максимално мотивирани за позитивен резултат, во обид да стигнат најмалку до реми за без резултатска негатива да влезат во реваншот што ќе се игра следниот четврток во Скопје.
„Пристигнавме во Шкотска, позитивно за сите нас е што патувавме со чартер. Во очекување сме на првиот тренинг, видовме дека временските услови не се како во Македонија, но спремни сме. Шкендија секогаш оди на позитивен резултат, ни следи првата средба со Хибернијан. Мора да сме претпазливи, но секогаш играме на позитивен резултат. Момците се подготвени, сите сме максимални спремни, да сториме се за да дојдеме до целта која сите ја сакаме. Според мене, првиот меч нема да реши ништо, туку реваншот во Скопје. Но ние концентрирани сме само на првиот дуел во Шкотска, да ги оствариме нашите замисли“, изјави Арбен Зејнулаи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
