Зенит ќе го казни Азмун поради трансферот во Баер Л.

Напаѓачот на Зенит, Сердар Азмун ќе биде казнет од својот клуб, со оглед дека не го информирал клубот дека ќе оди да потпише договор со Баер Леверкузен.

Иранецот со тоа го прекршил протоколот за ковид-19 и ќе биде казнет. Наводно Азмун требало да ги информира од тимот, за да бидат превземени сите здравствени прописи, но тоа не го сторил.

Азмун на лето ќе оди во Баер Леверкузен, а до крајот на сезоната ќе настапува во Зенит.

Се вчитува...