Кошаркарската легенда Жарко Паспаљ освојувач на бројни медали со репрезентацијата на Југославија, бил опериран во Белград, пишуваат грчките медиуми.
Информацијата ја пренесе грчкиот портал Газета, а поранешниот ас на Партизан, но и на грчките екипи Панатинаикос и Олимпијакос, требаше да биде гостин на неговата годишна церемонија, но во саботата беше примен на Белградска клиника поради аритмија.
Операцијата е извршена во понеделникот. Паспаљ, како што се наведува, превентивно останува извесно време на интензивна нега и е надвор од животна опасност.
Светскиот шампион со репрезентацијата на Југославија во 1990 година, а трикратниот европски шампион во 1989, 1991 и 1995 година, доживеа два сериозни срцеви удари во 2001 година. Во ноември 2017 година доживеа и мозочен удар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА