Ждреб за ФА Купот: Тотенхем оди на Манчестер јунајтед

Челси имаше најмногу среќа при вечерашното извлекување на полуфиналните двојки од ФА Купот на Англија, откако тимот на Антонио Конте за противник го добие Саутемптон. „Светците“ барем на хартија важат за најслаб од четирите полуфиналисти, а Конте мора да биде задоволен што битка за финале ќе води токму со овој ривал.

Во поинтересниот од двата дуели ќе се сретнат Манчестер јунајтед и Тотенхем, натпревар на кој барем на хартија предноста би требало да ја имаат „спарси“, поради фактот дека тимот на Покетино своите домашни натпревари сезонава ги игра на „Вембли“.

Вообичаено, полуфиналните средби од ФА Купот, како и големото финале, се играат токму на англискиот храм на фудбалот. Двете полуфиналиња ќе бидат на програмата на 21 и на 22 април.

Се вчитува...