Дуелот меѓу Грција и САД се очекува да биде најинтересен во групната фаза од светското првенство во кошарка што ќе се одржи летово, по извлекувањето на групите за првата рунда од натпреварувањето.
Јанис Адетокумбо ќе го предводи нашиот јужен сосед во пресметка со главниот фаворит за златото во рамките од групата Ц, каде покрај овие две селекции се наоѓаат уште и Нов Зеланд и Јордан.
Србија имаше поволна ждрепка, па за пласман во следната рунда ќе се бори со Порторико Кина и со Јужен Судан. Она што е интересно, селектор на Кина е Александар Ѓорѓевиќ, кој до неодамна беше кормилар на српскиот национален тим, па на ова СП ќе им се спротивстави на своите доскорешни кошаркари.
Лука Дончиќ и Словенија ќе бидат дел од групата Ф, каде за ривали ќе ги имаат Зеленортските острови, Грузија и Венецуела, додека Шпанија е носител на групата Г, каде ќе се сретне со Иран, Брегот на Слоновата Коска и со селекцијата на Бразил.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА