ЖДРЕПКА ЖЕНИ ПЛЕЈ-ОФ И ПЛЕЈ-АУТ: „Лавиците“ почнуваат со Пелистер, дербито меѓу Вардар и Металург

Познат е распоредот во женската ракометна Суперлига за пролетната фаза од сезоната, со плеј-оф и плеј-аут сегментите.  Актуелниот шампион и најдобрата екипа попрвиот дел од сезоната, Ѓорче Петров, во првото коло ќе гостува кај Пелистер. Дербито од воведното коло ќе го играат Вардар и Металург. Чаир ќе игра против Стружанка, а Куманово против Овче Поле.

За разлика од машката Суперлига, кај жените не се доделуваат поени според пласманот од есенскиот дел по принципот 4-3-2-1-0, туку едноставно се пренесуваат бодовите освоени против екипите кои продолжуваат во иста фаза.

Затоа Ѓорче Петров ќе почне со максимални 18 бода, Вардар, Металург и Чаир ќе имаат по 12, а Куманово е исто така во трка за висок пласман со девет. Првото коло е закажано за 11. и 12. март.

Женска лига, плеј-оф, 1 коло:

Куманово – Овче Поле

Чаир – Стружанка

Пелистер – Ѓорче Петров

Вардар – Металург

Женска лига, плеј-аут, 1 коло:

Гевгелија – Кузман Вардар

Шампион – Астибо

Скопје – Деспина

Спартак е слободен

Се вчитува...