ПСЖ не тргна најдобро во новата сезона, што беше причина Луис Енрике да почне сериозно да размислува за засилување на играчкиот кадар веќе во јануарскиот преоден рок.
Средниот ред е проблемот детектиран од трофејниот стратег, кој веќе го потенцирал и фудбалерот што го смета како идеално решение – Гави од Барселона.
Младиот плејмејкер немаше среќа со двете тешки повреди на коленото, што влијаеше и да го загуби првотимскиот статус во Барса. Гави дефинитивно не е среќен, сака да игра почесто, а токму тоа му го нуди Луис Енрике, кој верува дека младиот Шпанец е она што му е неопходно на ПСЖ за да ја нападне третата европска круна во низа.
Се најавува дека „светците“ во текот на овој месец ќе почнат и официјални преговори со сума од 40 милиони евра. Барса речиси сигурно ќе ја одбие оваа понуда, но француските медиуми најавуваат дека ПСЖ нема да се откаже и планира да притиска до крајот на годинава, се со цел да го осигура Гави како подарок за тренерот Енрике за јануарскиот преоден рок.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
