Жељко го отпиша од ПАО, сега има нов клуб во Евролигата

Кенет Фариед останува дел од Евролигата откако одличниот центар начелно постигна договор за соработка со Басконија. Тој мина голем дел од ланската сезона во дресот на Панатинаикос, но по доаѓањето на Жељко Обрадовиќ и потписот на Фал на Фариед му беше кажано дека за него веќе нема иднина во грчкиот гигант.

Тој доби неколку понуди од Еврокупот, но кошаркарот со НБА педигре (мина седум години во дресот на Денвер нагетс) чекаше опција за Евролигата и штом се јави Басконија, експресно беше најден заеднички јазик. Басконија нема преголем избор на високи кошаркари, па шпанскиот клуб со право се надева дека 36-годишниот ветеран ќе биде од голема помош во сезоната што следи.

За потсетување, Фариед имаше извонреден старт на авантурата во Панатинаикос и во првиот месец беше избран за МВП на Евролигата во септември.

Како што минуваше времето така и неговата минутажа кај Атаман се намалуваше, па тој ја заврши сезоната со просек од 5,8 поеии и 3,9 скокови по натпревар.

Се вчитува...