ЖЕНИ У-19: Македонија стигна негатива од 2:0 и го совлада Кипар

Македонската женска репрезентација до 19 години, тирумфираше над Кипар со 2:4, со голем пресврт во вториот дел.

Кириакиди и Замани во 21 и 24. минута донесоа водство на Кипар од 2:0. Николовска во 35. минута успеа да намали, и тоа беше резултатот од првиот дел.

Во второто полувреме Викторија Недева со два гола донесе водство на Македонија од 2:3, а потоа уште еден гол да постигне Велкова за конечни 2:4.

Иако македонската селекција заврши како второпласирана, сепак, нема да може да влезе во бараж, поради лошата гол разлика.

Групата ја завршија со две победи над Кипар и над Фарски Острови, и пораз од Белорусија. Токму Белорусија заврши како првопласирана со максимален учинок.

Се вчитува...