Жените поразени од Австрија на стартот од квалификациите за ЕП

Македонската женска фудбалска репрезентација загуби на гостувањето во Виена од Австрија со 3-0 (3-0) во првиот натпревар од квалификациите за ЕП.

Избраничките на Кирил Изов беа немоќни пред фаворизираните Австријки кои задачата си ја завршија уште во првото полувреме кога беа постигнати сите три погодоци. Домаќинките поведоа со голот на Ферсингер во 25. минута, во 43. минута Фулер зголеми на 2-0 а конечните 3-0 ги постави Данст во 45. минута.

Се вчитува...