Жените против Казахстан по прва победа во квалификациите за ЕП (15 ч.)

Македонската женска репрезентација против Казахстан, денеска од 15 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“, по првата победа во квалификациите за Европското првенство 2021 година.

Селекторот Кирил Изов се надева на добра игра и позитивен резултат од утрешниот дуел.

„Ова е нашата можност за прва победа во квалификациската група. Добро ги минавме подготовките, тимот е комплетен и силно веруваме во успех на утрешниот натпревар. Одигравме сосема добро и на воведниот дуел со Австрија во Виена, а тоа ни дава за право да веруваме во добар резултат. Комплетни сме и мотивирани за победа“ – вели селекторот Изов.

Веќе се познати и составите на двете репрезентации за пресметката во Скопје…

На 5. октомври, македонската репрезентација ќе се соочи со Србија, исто така на тренинг центарот „Петар Милошевски“. Во нашата група за пласман на ЕП во Англија, топ фаворит е Франција.

Се вчитува...