Жените загубија од Косово на првиот тест дуел (1-3)

Женската фудбалска репрезентација на Македонија загуби од Косово со 1-3 на првиот од двата предвидени пријателски натпревари на гостински терен.

На дуелот во Ѓаково,  единствен стрелец за Македонија беше членката на Тиверија Струмица, Теодора Димоска.

Следниот тест дуел на Македонија и Косово е в недела, на 7. април. Двете селекции одигра претходно пријателски натпревари и во Скопје кои завршија со реми без голови и наш пораз од 0-2.

Се вчитува...