ЖЕНСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА: Македонија загуби од Луксембург

Македонската женска репрезентација е поразена од Луксембург со 2:3 во квалификациите за пласман на Мундијалот идната година.

Македонија во вториот дел остана без Наташа Андонова, која беше заменета, па следуваа два гола на Тил за победа.

На полувреме беше 1:1. Гостите преку Абреу поведоа, а Рочи израмни. Во вториот дел Тил со два гола донесе предност од 1:3, за во финишот Македониjа само да намали преку Николовска.

Се вчитува...