Женска репрезентација У-19: Убедлива победа над Грузија

Женската репрезентација на Македонија до 19 години, победнички го отвори квалификацискиот турнир за пласман на Европското првенство. Денеска фудбалерките ја совладаа селекцијата на Грузија со убедливи 4-0 во натпревар одигран на тренинг центарот „Петар Милошевски“.

Уште по првиот дел Македонија имаше предност од 0-2. Панеска во 22. минута донесе предност, а Сулејмани во судиското надополнување од првиот дел го зголеми водството.

Во вториот дел Меијер во 82. минута донесе 0-3, за Настовска во финишот пред самиот крај да ги постави конечните 0-4 од овој натпревар.

Во групата покрај Грузија се уште и репрезентациите на Израел и на Гибралтар. Во вториот меч, Израел оствари победа над Гибралтар со 6-0.

Се вчитува...