Женската лига во ракомет со 15 екипи во новата сезона

Женската лига во ракомет ќе брои 15 екипи во новата натпреварувачка сезона, поделени во две групи кои во регуларниот дел од сезоната ќе играат дома – гости, почнувајќи од 18 септември. Астибо Штип и Феникс Битола се новите екипи во елитното друштво во женска ракометна конкуренција, кои ќе се приклучат на тимовите кои и лани беа дел од Женската лига.

Во групата А на денешната ждрепка се најдоа Куманово, Чаир, Деспина, Гевгелија, Пелистер, Шампион, Кузман Вардар и Феникс, додека во групата Б ќе се натпреваруваат: Вардар, Металург, Стружанка, Спартак, Овче Поле, Ѓорче Петров и Астибо.

Според пропозициите, најдобрите четири екипи ќе се пласираат во плејоф-завршницата која исто така ќе се игра во групен систем, додека останатите ќе играат во плеј-аут. Притоа, во новоформираните лиги ќе се пренесуваат бодовите од првиот дел од сезоната.

По извршената ждрепка, во првото коло од новата сезона ќе се сретнат: Феникс – Чаир, Шампион – Куманово, Пелистер – Гевгелија, Кузман Вардар – Деспина, Ѓорче Петров – Вардар, Металург – Спартак и Овче Поле – Астибо.

Се вчитува...