Женската репрезентација до 17 години подобра од Албанија

Македонската репрезентација до 17 години, со победа ги стартуваше квалификациите за ЕП. Денеска младите девојки ги совладаа врсничките од Албанија со 5-2.

Драматично беше во првиот дел, кога паднаа четири гола (2-2), а во продолжение Македонија постигна уште три гола за конечен триумф.

Митковска во 13. минута донесе водство, а Метхоџа израмни, за една минута подоцна Аго донесе водство за Албанија. Ѓорѓиева во судиското продолжение од првиот дел донесе израмнување.

Во вториот дел Павловска два пати и Василева стрелаа во мрежата за конечен триумф. Освен Албанија во нашата група се уште и Косово и Молдавија. Косовките ја победија Молдавија со убедливи 9-0.

Се вчитува...